На денешен ден 27.01.

На денешен ден 1937 година, на градот Хатај кој веднаш по Првата светска војна беше изгубен, во рамките на Сирија од страна на Лигата на народите му беше доделен посебен статус на автономија.

1347675
На денешен ден 27.01.

На денешен ден 1937 година, на градот Хатај кој веднаш по Првата светска војна беше изгубен, во рамките на Сирија од страна на Лигата на народите му беше доделен посебен статус на автономија. По признавањето на независноста на Сирија од страна на Франција во 1936 година, Турција го зголеми дипломатскиот притисок врз оваа земја и бараше на Хатај да му се даде независност. По зголемувањето на можноста за преземање воена интервенција од страна на Турција во Хатај, Лигата на народите свика итна седница на која беше призната независноста на градот Хатај. На изборите кои се одржаа во градот на барање на франција, победија протурски ориентираните партии кои сакаа Хатај да се обедини со Турција. По формирањето на Независната Република Хатај на 12 септември 1938 година, Хатај на 3 јуни 1939 година усвои одлука за соединување со Турција. Со оваа одлука беа зацртани конечните јужни граници на Турција.

 

1958... Илјадници Турци на Кипар одржаа протести за одвојување на Кипар на два дела меѓу Турците и Кипарските Грци. Англиските војници употребија сила против демонстрантите. Во судирите загинаа 8 Турци, десетици лица беа повредени.

 

1967... За време на тестот во вселенскиот центар Кенеди изгоре вселенското летало Аполо-1 кое беше прво во рамките на Лунарната програма на НАСА. Во несреќата загинаа астронаутите Гус Грисом, Едвард Хигинс и Роџер Чафи.

 

1973... Генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Мехмет Бајдар и конзулот Бахадир Демир загинаа во атентатот кој беше извршен од страна на терористите на терористичкита организација АСАЛА. Атентатот го изврши американскиот државјанин од ерменско потекло Гурген Јаникјан кој беше фатен за многу кратко време и осуден на доживотна казна затвор.

 

 

 



Слични вести