На денешен ден 23.01.

2008... Во историска посета на Турција престојуваше грчкиот премиер Костас Караманлис

1345672
На денешен ден 23.01.

На денешен ден 1556 година во северозападна Кина се случи земјотресот во Шенси кој во историјата на човештвото е забележан како земјотрес во кој загинаа најмногу луѓе. Во земјотресот со јачина од 8 степени загинаа околу 830 илјади луѓе.

 

1973... Со Договорот за примирје во Париз заврши 10 годишната „Виетнамска војна“ меѓу САД и Виетнам. Примирјето траеше многу кратко. По одвојувањето на последниот американски војник од Виетнам во март 1973 година, судирите меѓу комунистичките Виетконг сили и Јужновиетнамските единици поддржани од САД продолжија уште две години. На 30 април 1975 година со освојувањето на главниот град на Јужен Виетнам, Сајгон од страна на воените единици на Северен Виетнам, официјално беше окончана „Виетнамската војна“.

 

1989... На 85 годишна возраст умре светско познатиот шпански сликар Салвадор Дали. Заедно со Пикасо, Дали беше еден од најзначајните авангардисти на надреализмот во сликарството.

 

2008... Во историска посета на Турција престојуваше грчкиот премиер Костас Караманлис. Караманлис беше првиот грчки премиер кој по период од 49 години престојуваше во посета на Турција.

 



Слични вести