На денешен ден 21.01.

На денешен ден 1522 година Османлиската војска под водство на султанот Сулејман Законодавецот го освои стратешкиот остров Родос во Средоземното Море

1347021
На денешен ден 21.01.

На денешен ден 1522 година Османлиската војска под водство на султанот Сулејман Законодавецот го освои стратешкиот остров Родос во Средоземното Море. Витезите на островот, со договорот составен од 9 члена го, Родос и уште 12 острови им ги предадоа на Турците.

 

 

1924... На 53 годишна возраст во Горки кај Москва умре Владимир Илич Ленин, лидерот на Октомвриската револуција во 1917 година и основачот на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР).

 

1996... Јасер Арафат кој беше избран за претседател на првите избори во Палестина, официјално стапи на должност.

 

2017... На седницата на Големото Национално Собрание на Турција беше усвоен амандманот со кој беше изменет уставот и беше донесен Претседателскиот систем во Турција. Со Уставните амандмани составени од 18 членови кои беа усвоени со гласовите на 339 пратеници, повторно беа преуредени одредбите за претседателските избори, должноста и овастувањата на претседателот. Мандатот на пратениците беше продолжен на временски период од 5 години, а исто така беше зголемен и бројот на пратениците од 550 на 600 пратеници.

 



Слични вести