На денешен ден 20.01.

1990... Советскиот Сојуз кој прогласи вонредна состојба во регионот поради затегнатоста меѓу Азербејџан и Ерменија, Црвената армија ја испрати во Баку.

1343932
На денешен ден 20.01.

На денешен ден 1921 година од страна на Големото национално собрание на Турција беше усвоен првиот устав на Република Турција наречен „Тешкилат-и есасије“. Основата на новиот устав од 24 члена се засноваше на начелото „Единство на власта“.

 

1981... Заврши заложничката криза меѓу Иран и САД. Официјален Техеран соопшти дека ги пушта на слобода 52 Американци кои 444 дена ги држеше во заложништво.

 

1990... Советскиот Сојуз кој прогласи вонредна состојба во регионот поради затегнатоста меѓу Азербејџан и Ерменија, Црвената армија ја испрати во Баку. Во рамките на окупацијата на Баку од страна на советските војници беше извршен масакр на над 100 азербејџански Турци, додека над 800 лица беа повредени. Овој масакр во историјата е наречен „Јануарски масакр“ (Црн јануари).

 

2018... Поради нестабилноста на турско-сириската граница и зачестеноста на терористичките закани, Турските вооружени сили во сириското подрачје Африн ја започнаа операцијата „Маслиново гранче“.

 

 



Слични вести