На денешен ден 09.01.

На денешен ден 1905 година, врз илјадници лица, меѓу кои жени и деца, кои се собраа пред Зимскиот дворец на рускиот цар Николај Втори во Санкт Петерсбург беше отворен оган од страна на војниците на царот

1337505
На денешен ден 09.01.

На денешен ден 1905 година, врз илјадници лица, меѓу кои жени и деца, кои се собраа пред Зимскиот дворец на рускиот цар Николај Втори во Санкт Петерсбург беше отворен оган од страна на војниците на царот. Овој настан во историјата на Русија беше забележан како „Крвава недела“ и според официјални податоци загинаа 139 лица. По „Крвавата недела“ работниците започнаа генерален штрајк. Како последица на војната со Јапонија и штрајковите во Русија започна политичка криза.

 

 

1964... Недоразбирањата и конфликтот меѓу локалното население и САД во врска со Панамскиот канал и управата со каналот прераснаа во вооружени судири, Во немирите загинаа 21 Панамец и 3 американски војници.

 

1964... на 80 годишна возраст во Истанбул умре турската писателка Халиде Едип Адивар која ги напиша познатите романи „Тестот на Турчинот со огнот“, „Кошула од оган“ (Тешко искиушение) во кои се раскажува за Народноослободителната воја на турскиот народ. Халиде Едип заедно со сопругот Аднан Адивар лично учествуваа во Народноослободителната војна и најпрвин се стекна со чинот „десетар“ а потоа и „каплар“.



Слични вести