На денешен ден 03.01.

На денешен ден 1521 година Мартин Лутер беше анатемисан од страна на духовниот лидер на католичкиот свет папата Лео 10-ти

1333894
На денешен ден 03.01.

На денешен ден 1521 година Мартин Лутер кој со Реформистичкото движење го започна процесот на преиспитување на авторитетот на црквата во Средновековна Европа, беше анатемисан од страна на духовниот лидер на католичкиот свет папата Лео 10-ти . Лутер беше повикан во Рим и му беше побарана одбрана. Мартин Лурер го одби ова барање на црквата и со преведување на Библијата на германски започна војна против црквата.

 

1961... Комунистичките сили под водство на Фидел Кастро ја презедоа управата над главниот град Хавана и ги прекинаа односите со САД. По една година од овие случувања, папата Јован 23-ти соопшти дека го анатемисал Фидел Кастро.

1990... Претседателот на Панама Мануел Нориега кој беше соборен од страна на американската војска, по 10 дневното засолнување во амбасадата на Ватикан во Панама сити им се предаде на американските војници. На Нориега му беше изречена казна затвор од страна на американскиот суд. По одлежувањето на казната затвор и во Франција, Нориега беше екстрадиран во својата земја каде што умре в 2017 година.

 

2004... Патничкиот авион на една приватна египетска авиокомпанија за време на летот за Шарм ел Шеик – Парис се урна над Црвеното море. Во несреќата загинаа 148 патници.



Слични вести