На денешен ден 01.01.

На денешен ден 1992 година стапи на сила Шенгенскиот договор со кој се предвидуваше слободен проток во ЕУ

1332842
На денешен ден 01.01.

На денешен ден 1959 година диктаторот на Куба Фулгенцио Батиста во првите часови на новата година побегна од главниот град Хавана. Вооружените групи на Фидел Кастро под водство на Че Гевара почнаа да влегуваат во Хавана. Работниците и селаните кои го послушаа повикот на Кастро почнаа со генерален штрајк во земјата.

1987... Комунистичкиот режим во Кина почна да се тресе со студенстките протести и демонстрации. Околу 3 илјади студенти кои се собраа на плоштадот Тјенанмен и без пречка го поминаа полицискиот коридор, без никакви насилства почнаа со протестите за поголеми слободи и демократија. Дел од студентите кои беа оддалечени како последица на интервенцијата на полицијата, беа уапсени.

1992... На сила стапи Шенгенскиот договор со кој се предвидуваше слободен проток во ЕУ. Договорот најпрвин ги опфаќаше Франција, Западна Германија, Белгија, Холандија и Луксембург. Со текот на времето беше дадено одобрение за слободен проток на Италија, Португалија, Шпанија, Грција и другите земји членки на ЕУ. Точно по 7 години, во 1999 година во ЕУ се премина кон употреба на единствена валута „ЕВРО“. Со утврдувањето на „ЕВРО“то како единствена валута, на 1 јануари 2002 година почнаа да се употребуваат новите банкноти на еврото.

1996... Стапи на сила Спогодбата за царинска унија која беше потпишана меѓу Турција и ЕУ. Со спогодбата беа укинати царинските даноци меѓу Турција и ЕУ, беше поттикната трговијата меѓу земјите членки на ЕУ и Турција а исто така дојде и до пораст на инвестициите на земјите членки на ЕУ во Турција.



Слични вести