На денешен ден 20.12.

На денешен ден 1522 година Османлиската војска под команда на Султанот Сулејман Законодавецот го освои островот Родос

1327408
На денешен ден 20.12.

На денешен ден 1522 година Османлиската војска под команда на Султанот Сулејман Законодавецот го освои островот Родос. Приклучувањето на Родос, 11-те острови и Бодрум кон Османлиската држава имаше големо значење од аспект на безбедноста на трговските бродови во Средоземното море.

1873... Во Истанбул се роди поетот, писателот и мислителот Мехмет Акиф Ерсој, кој истовремено ја напиша националната химна.

1915... Англиските и Анзачки сили кои не можеа да ја поминат турската војска на Чанаккале, се повлекоа од позициите на Анафарталар и Арибурну. Со повлекувањето на Сојузничките сили на 9 јануари 1916 и од подрачјето Седулбахир, беше потврдена победата на Турската војска на Чанаккале.

1968... Умре американскиот писател Џон Стајнбек, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1962 година и писател на книгата „Плодови на гневот“.

1970... Во огнот што беше отворен врз работниците кои се дигнаа на бунт против зголемувањето на цените на прехранбените производи во Полска, беа повредени стотици лица. По овој настан кој предизвика голем револт во земјата, лидерот на Комунистичката партија Владислав Гомулка беше принуден да поднесе оставка.

1989... САД со 25 илјади војници изврши интервенција на Панама и го собори диктаторот Мануел Нориега.



Слични вести