На денешен ден 19.12.

На денешен ден 1957 година, во Сојузна Германија и другите европски земји почнаа да се поставуваат трајни воени бази на САД

1325888
На денешен ден 19.12.

На денешен ден 1957 година, врз база на зголемувањето на заканите СССР, на Самитот на НАТО во Париз САД дадоа одобрение за поставување на нуклеарни ракети во европските земји. Со оваа одлука, во Сојузна Германија и другите европски земји почнаа да се поставуваат трајни воени бази на САД

1987... Турскиот репрезентативец Наим Сулејманоглу кој од Бугарија пребегна во Турција, првпат на Меѓународниот републички турнир во кревање тегови го облече националниот дрес. Сулејманоглу во категориите дигање тегови со тргнување и исфрлање и вкупно ги собори своите претходни рекорди.

1992... Со цел да се спречат внатрешните судири во Сомалија, започна операцијата „Надеж“ на 24 земји предводена од сад. Турција најпрвин пружи политичка а потоа и воена поддршка на операцијата која се раководеше под кровот на ОН. Во операцијата чија цел беше да се зароби високиот раководител помошник на сомалискиот генерал Аидид загинаа 17 американски војници, 77 беа повредени, а еден беше заробен. По овој настан американскиот претседател Клинтон изјави дека ќе се повлечат од Сомалија.

2003...  Либискиот лидер Гадафи официјално соопшти дека неговата земја се откажува од производството на нуклеарно и хемиско оружје



Слични вести