На денешен ден 12.12.

1928... Во Киргистан се роди Џенгиз Ајтматов, еден од светско познатите писатели

1323730
На денешен ден 12.12.

На денешен ден 1866 во експлозијата на метан гас во рудникот за јаглен Оакс во Јужен Јоркшир во Британија загинаа околу 400 рудари.

1870... По петгодишната Граѓанска војна во САД со која беше окончано робовладетелството, Џозеф Х. Рејни беше првиот црномурест конгресмен кој ја претставуваше сојузната држава Јужна Каролина во американскиот Конгрес.

1913... Сликата на Мона Лиза која во 1911 година беше украдена од музејот Лувр во Париз, беше откриена во Гиренца во Италија.

1928... Во Киргистан се роди Џенгиз Ајтматов, еден од светско познатите писатели.

1940… Како последица на бурата во близината на Силиври потона бродот „Салвадор“ кој ги пренесуваше еврејските мигранти кои бегаа од Нацистите. Од вкупно 352 патници на бродот, 219 се удавија или умреа од студ.

1946... По Втората светска војна, од 12 до 18 декември 1946 година во Турција почна да се одбележува Неделата на домашни производи.

1992... Во земјотресот со јачина од 6,8 степени во индонезиската покраина Нуса Тенгара загинаа 1490 лица.

2000... Американскиот Федерален суд го оконча јазолот на резултатите од претседателските избори во земјата. Федералниот суд го укина пребројувањето на гласовите во Флорида и Џорџ В. Буш, кандидатот на Републиканската партија го прогласи за нов претседател на САД.

2003... Во САД каде што се наоѓаше на хоспитализација умре Хајдар Алијев, 3-от претседател на Азербејџан.

2010... Умре композиторот Абдурахман Кизилај кој беше прочуен со песните Киркучките песни и особено Умерената златна обетка (Altın Hızma Mülayim).



Слични вести