На денешен ден 21.11.

На денешен ден 1783 година Жан-Франсоа Пилатр де Розије и Франсоа Лорен Марки Дарланд го остварија првиот лет со воздушен балон

1310163
На денешен ден 21.11.

На денешен ден 1783 година Жан-Франсоа Пилатр де Розије и Франсоа Лорен Марки Дарланд го остварија првиот лет со воздушен балон.

1877... Американскиот изумител Едисон го откри фонографот.

1900... Османлиската влада презеде низа мерки за спречување на доселувањето на Евреите во Палестина. Меѓу преземените мерки се наоѓаше и тн. Црвена дозвола со која на Евреите кои доаѓаа од странство им се даваа дозволи за престој од најмногу три месеци во Палестина.

1905... Алберт Ајнштајн тезата во врска со равенката E=mc2 со која ја постави релацијата меѓу енергијата и масата ја објави во списанието “Annalen der Physik”.

1938... Посмртните остатоци на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција беа пренесени во привременото почивалиште во Етнографскиот музеј на Анкара каде што остана се до 10 ноември 1953 година.

1955... Турција наспроти зачестените закани од Советскиот Сојуз врз Блискиот Исток, го формираше Багдадскиот пакт со Иран, Ирак, Пакистан и В. Британија.

1980... Во пожарот што изби во еден хотел во Лас Вегас загинаа 87, а над 650 лица беа повредени.

2002... НАТО првпат Самитот на Алијансата го одржа во Прага, еден од градовите на поранешните земји членки на Варшавскиот пакт. На Самитот на НАТО беше одобрено приклучувањето на поранешните земји членки на Варшавскиот пакт како што се Литванија, Летонија, Естонија, Бугарија, Романија, Словачка и Словенија.

2009... Во рударската несреќа во кинескиот град Хеганг загинаа 104 рудари.



Слични вести