На денешен ден 20.11.

На денешен ден 1910 година умре рускиот писател Лав Толстој, писателот на романите „Војна и мир“ и „Ана Каренина“

1309262
На денешен ден 20.11.

На денешен ден 1910 година умре рускиот писател Лав Толстој, писателот на романите „Војна и мир“ и „Ана Каренина“.

1922... Во швајцарското гратче Лозана официјално започна Мировната конференција во Лозана на која Турција своето место во светот го зазеде како независна држава. Турција на конференцијата ја претставуваше министерот за надворешни работи Исмет Инени.

1938... Во Анкара пристигнаа посмртните остатоци на Мустафа Кемал Ататурк кој почина на 10 ноември во Истанбул. Посмртните остатоци на Ататурк беа поставени на одарот пред Големото Народно СОбрание на Турција каде што граѓаните на Анкара му одадоа почит.

1945... Во Нирнберг Започна Нирнбершкиот процес каде што им се судеше на нацистичките воени злосторници кои беа фатени по Втирата светска војна.

1959... Беше објавена Декларацијата за правата на децата на ООН. Точно по 30 години на истиот ден од страна на ОН беше усвоена Конвенцијата за правата на децата.

1962... САД ја окончаа блокадата над Куба што ја започна со „ракетната криза“.

1975... Во Мадрид умре генералот Франко кој 36 години управуваше со Шпанија чија управа ја презеде по граѓанската војна.

1994... Наим Сулејманоглу, на Светското првенство во кревање тегови што се одржа во Истанбул собори 5 светски рекорди и освои 3 златни медали.

1998... Од страна на Италија беше пуштен на слобода челникот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК Абдулах Оџалан кој беше фатен во обидот од Русија тајно да влезе во Италија.

2003... Терористите на Ал Каеда изврија истовремени бомбашки напади на Генералната дирекција на банката „HSBC Bank“ во Истанбул и Генералниот конзулат на Англија во населбата Бејоглу. Во нападите загинаа 30 лица, а над 400 лица беа повредени.



Слични вести