На денешен ден 18.11.

1601 година Османлиската војска под команда на Тирјаки Хасан паша го освои калето Нагиканице (Каниже) кое имаше големо стратешко значење

1308066
На денешен ден 18.11.

На денешен ден 1601 година Османлиската војска под команда на Тирјаки Хасан паша го освои калето Нагиканице (Каниже) кое имаше големо стратешко значење.

1865... Американскиот писател Март Твен чие вистинско име беше Семјуел Ленгхорн Клеменс го објави првиот расказ „Славната скокачка жаба од Калаверас“. Додека романите за деца „Авантурите на Том Сојер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“ се суштинските со кои се стекна со светска слава.

1927... По Радиото Истанбул почна да се емитува и Радиото Анкара.

1928... Првпат беше прикажан синхронизираниот филм на Мики Маус на Волт Дизни.

1933... Универзитетот Дарулфунун од Османлискиот период повторно се отвори под новото име Истанбулски универзитет. Новиот универзитет беше формиран од силен академски кадар и персонал кој се состоеше од турски научници кои се едуцираа во странство и 38 професоро од Еврејско потекло кои побегнаа од Нацистите.

1940... Беше усвоена одлука за затемнување на сите општини и градови во Турција наспроти евентуални воздушни напади.

1941... Една подморница за кпја се тврдеше дека припаѓа на Советскиот Сојуз го торпидираше товарниот брод Јениџе во близината на истанбулскиот остров Бургас.



Слични вести