На денешен ден 13.11.

2009... Американската агенција за вселенски истражувања НАСА соопшти дека на јужниот пол на Месечината била откриена вода.

1305258
На денешен ден 13.11.

На денешен ден 1906 година Французинот Пол Корну полета со првиот хеликоптер кој беше дизајниран на еден велосипед.

1920... Со учество на 5 илјади претставници од 41 земја во Женева беше отворен центарот на Лигата на народите која беше формирана по Првата светска војна.

1956... Врховниот суд на САД го укина законот во сојузната држава Алабама со кој се спроведуваше дискриминација врз црнците бидејќи не им се дозволуваше да се качат во ист автобус со белците. Оваа одлука удри силен белег врз расистичките политики во САД.

1996... Израелските војници поддржани од тенковите ја преминаа границата со Јордан и извршија напад врз селото Саму кое броеше 4 илјади луѓе. Во нападот беа убиени стотици невини цивили.

1970... Ураганот Бола со брзина од 240 км на час го погоди Бангладеш. За само еден ден загинаа над 500 илјади лица. Ураганот се прифаќа за најголема природна катастрофа на 20-от век.

1970... Лидерот на военото крило на партијата БААС во Сирија, Хафиз ал-Асад изврши воен удар и ја презеде управата над државата.

1985... Еруптираше вулканот Невадо дел Руиз во Колумбија. Снегот што го стопи вулканот предизвика градот Армеро да остане под кал. По одложувањето на одлуката за евакуација на градот од страна на владата, околу 25 илјади граѓани кои останаа под кал, ги загубија животите.

2009... Американската агенција за вселенски истражувања НАСА соопшти дека на јужниот пол на Месечината била откриена вода.

2015... Во различни населби на Париз беа доживеани терористички напади. Во нападите кои беа извршени од страна на приврзаниците на терористичката организација Ал Каеда загинаа 8 напаѓачи и 138 лица, додка 413 лица беа повредени.



Слични вести