На денешен ден 11.11.

На денешен ден 1821 година во Москва се роди рускиот писател Фјодор Михајловиќ Достоевски

1304142
На денешен ден 11.11.

На денешен ден 1821 година во Москва се роди рускиот писател Фјодор Михајловиќ Достоевски, кој ги напиша светските класични романи како што се „Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“ и „Идиот“.

1914... Османлиската Империја официјално им објави војна на Сојузничките држави (Антантата).

1918... Во Франција беше потпишан Мировниот договор меѓу Германија и Антантата (Сојузничките држави) со кој беше окончана Првата светска војна.

1947... Турција стана земја членка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

1973... Беше потпишан Мировниот договор со кој беше окончана Четвртата арапско-израелска војна од 1973, односно Јомкпурската војна.

2004... Во болницата во Франција во која се наоѓаше на хоспитализација почина Јасер Арафат, лидерот на Палестинското ослободително движење (ПЛО) и прв претседател на Палестинската држава. По комеморацијата во Каиро, посмртните остатоци на Арафат беа погребани во родното место во Рамалах. По смртта на Јасер Арафат, Махмуд Абас најпрвин стана лидер на Палестинското ослободително движење а потоа и претседател на Палестина.

2005... Во Аман на 75 годишна возраст умре светско познатиот режисер Мустафа Акад, кој ги сними филмовите „Порака“ (Повик) во кој се раскажува почетниот период и раѓањето на исламот како и филмот за живот на Омар Мухтар, симболот на отпорот во Либија.

Во терористичкиот напад на приврзаниците на ПКК во Мардин потешко беше повреден кајмакамот на градот Фатих Сафитурк, кој подлегна на повредите.



Слични вести