На денешен ден 22.10.

На денешен ден 1962 започна Кубанската ракетна криза

1292139
На денешен ден 22.10.

На денешен ден 1962 започна Кубанската ракетна криза. Американскиот претседател Џон Кенеди официјално соопшти дека на Куба се наоѓаат советски ракети поради што САД донесе одлука за спроведување санкции врз управата на Фидел Кастро на Куба. Американската флота Куба ја зеде под блокада. Светот првпат се соочи со сериозна закана од нуклеарна војна.

1964... Познатиот француски писател Жан-Пол Сартр ја доби Нобеловата награда за литература. Но Сартр ја врати наградата.

1967... Вселенското летало Аполо 7 по 163 летови околу земјината орбита се спушти на Атлантскиот океан.

1975... Од страна на тројца ерменски терористи беше убиен турскиот амбасадор во Виена Даниш Туналигил.

1983... На истовремените демонстрации  против нуклеарното оружје во Сојузна Германија и Франција учествуваа над 1,5 милион луѓе. Демонстрантите бараа да се укине нуклеарното оружје и да се затворат нуклеарните централи.



Слични вести