На денешен ден 15.10.

На денешен ден 1836 година во германскиот град Лицен се роди Ниче, еден од најзначајните филозофи на светот

1288007
На денешен ден 15.10.

На денешен ден 1836 година во германскиот град Лицен се роди Ниче, еден од најзначајните филозофи на светот.

1917... Беше стрелана холандската танчерка Мата Хари (Маргарета Гертруда) која беше уапсена од страна на Французите и го прифати обвинувањето дека работела за германската тајна полиција.

1927... Гази Мустафа Кемал Ататурк, основоположителот на современа Република Турција на Вториот вонреден конгрес на Републиканската народна партија (ЏХП) почна да го чита „Говорот“ (Нутук) кој траеше 6 дена.

1928... Најголемиот воздушен брод Граф Цепелин кој на пат тргна од Германија, пристигна во американскиот град Њу Џерси. Патувањето траеше 111 часови.

1964... Лидерот на СССР Никита Хрушчов беше разрешен од должноста додека се наоѓаше на одмор. На негово место седна Леонид Брежњев.

1993... Нобеловата награда за мир им беше доделена на Де Клерк, претседателот на Јужна Африка и Нелсон Мандела, претседателот на Африканскиот национален конгрес.

2003... На парламентарните избори во Азербејџан, по татко му Хајдар Алијев за претседател на државата беше избран Илхам Алијев.

2013... Во земјотресот со јачина од 7,2 степени што го погоди Филипините загинаа 144 лица.

2017... Во нападот со камион натоварен со експлозив во Могадишу во Сомалија загинаа 276, а 275 лица беа повредени.



Слични вести