На денешен ден 10.10.

На денешен ден 680 година во близината на градот Карбала во Ирак убиен Хазрети Хусејин

1285500
На денешен ден 10.10.

На денешен ден 680 година во близината на градот Карбала во Ирак од страна на војниците на емевискиот калиф Јазид беше убиен внукот на божјиот пратеник Хазрети Мухамед, Хазрети Хусејин и неговите поддржаници. Овој настан во историјата е забележан како Масакрот во Карбала.

1780... Во ураганот што ги погоди Карибите загинаа над 20 илјади лица.

1911... Републиканците под лидерство на Сун Јат Сен ја соборија династијата Манчу.

1933... Беше извршена саботажа на еден авион на авиокомпанијата Јунајтед ерлајнс. Тоа беше првиот авион кој беше соборен како резултат на саботажа.

1944... 800 ромски деца од страна на Нацистите систематски беа убиени во концентрациониот логор Аушвиц.

1986... Во земјотресот со јачина од 7,5 степени што го погоди Салвадор загинаа над 1500 лица.

1999... Умре писателот Факир Бајкурт, кој ја напиша книгата „Осветата на змиите“ (Yılanların Öcü) и низа други дела.

2015... Пред да се одржи митингот „Труд, мир, демократија“ во Анкара се случија две посебни експлозии. ВО експлозиите загинаа 102, а 391 лице беа повредени.

2017... По усвојувањето на одлуката од страна на САД за неприфаќање на барањата за виза на турските граѓани, Турција во знак на реваншизам го одложи издавањето виза за американските граѓани.



Слични вести