На денешен ден 09.10.

На денешен ден 1854 година во Кримската војна започна опсадата на Севастопол од страна на Османлиите и сојузниците

1284399
На денешен ден 09.10.

На денешен ден 1854 година во Кримската војна започна опсадата на Севастопол од страна на Османлиите и сојузниците.

1944... Беа фрлени темелите на Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција.

1944... Велика Британија, Кина, САД и Советскиот Сојуз соопштија дека ќе ја формираат Организацијата на Обединетите нации.

1963... Во поплавите на северот на Италија загинаа над 2 илјади лица.

2004.. Во воздушните игри кои се одржаа под покровителство на Турската воздушна асоцијација, турскиот падобранец Хакан Зенгин кој скокна со знамето долго 433,5 метри влезе во Гинисовата книга на рекорди.

2016... Во нападот на терористите на ПКК со автомобил бомба на една караула во Хакќари загинаа 10 војници и 8 цивили.

2017... Турската фудбалска репрезентација со ампутирани екстремитети на Европското фудбалски првенство за лица со ампутирани екстремитети  ја совлада репрезентацијата на Британија со резултат од 2-1 и ја освои шампионската титула.



Слични вести