На денешен ден 04.09

На денешен ден 04.09.1063 година на 73 годишна возраст во иранскиот град Реј умре Тугрул бег, основоположникот на Големата Селџучка Империја

1263279
На денешен ден 04.09

На денешен ден 476-та година Западно Римско царство беше урнато од страна на Гермените.

1063... На 73 годишна возраст во иранскиот град Реј умре Тугрул бег, основоположникот на Големата Селџучка Империја.

1682... Британскиот астроном Едмонд Халеј соопшти дека кометата која подоцна го добива неговото име повторно ќе се помине по период од 76 години.

1919... Конгресот во Сивас започна со говорот на Мустафа Кемал Паша.На конгресот беше усвоена одлука за формирање на организацијата Мудафаи Хукук Џемијети во Анадолија и Румелија за водење борба против окупацијата на Анадолија и претставничка делегација од 15 претставници. За претседател на претставничката делегација беше избран Мустафа Кемал.

1957... Губернерот на американската сојузна држава Арканзас ја повика Националната гарда да го спречи запишувањето на црнците во Централната гимназија. Овој настан во историјата на борбата против расизмот во САД беше забележан како „Литл Рок“.

1963... Еден патнички авион на швајцарската авиокомпанија падна во близината на швајцарскиот град Дерене, Во несреќата загинаа 80 лица.

1971... Се сруши еден патнички авиона на авиокомпанијата Алјаска. Во авионската несреќа што се случи во близината на Џуно во Алјаска загинаа 111 лица.

1988... Во поплавите што го погодија Бангладеш загинаа 300 лица, а над 20 милиони лица останаа без домови.

 

1997... Во трите посебни бомбашки напади во чаршијата на Ерусалим што беа извршени од страна на Хамас загинаа 7, а 192 лица беа повредени.

2009... Во нападот на авионите на НАТО врз Талибан во авганистанската покраина Кундуз поради изговор дека Талибанците ги заплениле цистрените за нафта загинаа 90 лица.



Слични вести