На денешен ден 20.08.

На денешен ден 636 година Арапската војска под команда на Халид Бин Велид во Битката кај Јармук ги победи Византиските сили

1255177
На денешен ден 20.08.

На денешен ден 20.08.2019

 

На денешен ден 636 година Арапската војска под команда на Халид Бин Велид во Битката кај Јармук ги победи Византиските сили и ја презеде контролата над Сирија и Палестина.

1648... Римско-германската империја по поразот што го доживеа во Битката кај Ленс завршија таканаречените Триесет годишни војни.

1866... Американскиот претседател Ендрју Џонсон официјално го прогласи крајот на Граѓанската војна.

1921... Беше формирана Меѓународната атлетска федерација. Сите претходни најдобри резултати беа регистрирани како светски рекорди.

1940... Од страна на агентите на Сталин во Мексико каде што беше испратен на прогонство беше убиен Лав Троцки, еден од лидерите на Советската револуција.

1968... Чехословачка беше окупирана од страна на Советскиот Сојуз и земјите членки на Варшавскиот пакт. Беа уапсени Александар Дубчек и другите чешки лидери. Советските тенкови на улиците на Прага се соочија со отпорот на чешкиот народ.

1975... Американската агенција за вселенски истражувања НАСА вселенското летало „Викинг 1“ го испрати на Марс. Само две години потоа НАСА во вселената го испрати леталото „Војаџер 2“ со цел да ги истражи планетите Јупитер, Сатурн Нептун.

1988... Заврши 8 годишната иранско-ирачка војна.

2008... Патнички авион на шпанската авиокомпанија кој полета од аеродромот на Мадрид и требаше да патува за Канарските Острови излета од пистата и изгоре. Во несреќата загинаа 153 лица.

2016... Во терористичкиот напад што беше извршен на една свадба во центарот на градот Газиантеп во Турција загинаа 50, а 94 лица беа повредени.

2017... На 91 годишна возраст во куќата во Лас Вегас почина познатиот американски комичар Џери Луис.



Слични вести