На денешен ден 07.08.

На денешен ден 2016 година во Јеникапи во Истанбул се одржа „Митингот на демократијата и шехидите“, најголемиот во историјата на Турција

1249088
На денешен ден 07.08.

На денешен ден 1807 година првиот патнички пароброд Клермон го оствари првото патување меѓу Њујорк и Албани.

1876... Се роди холандската шпионка Мата Хари чиј живот беше тема на многу филмови.

1919... Заврши Конгресот во Ерзурум со избор на Претставнички комитет (Хејет-и Темсилије).

1946... Турција го одби барањето на Советскиот Сојуз за промена на статусот на морскиот теснец Босфор.

1964... Започна Виетнамската војна. Американскиот конгрес на претседателот Линдон Џонсон му даде овластување да испрати војници во Виетнам.

1975... Во Јужна Африка се роди филмската актерка Шарлиз Терон, добитничка на Оскар.

1982... Двајца милитанти на терористичката организација АСАЛА извршија вооружен напад на аеродромот Есенбога во Анкара во кој загинаа 8, а 72 лица беа повредени. Еден од милитантите загина, вториот беше фатен повреден.

1990... По ирачката окупација на Кувајт, Америка ја започна операцијата „Пустински штит“. Турција го затвори нафтоводот Киркук – Јумурталик.

1998... Во бомбашките напади на амбасадите на САД во Кенија и Танзанија загинаа 224 лица.

2016... Во Јеникапи во Истанбул се одржа „Митингот на демократијата и шехидите“, најголемиот во историјата на Турција. На митингот учествуваа околу 5 милиони луѓе.



Слични вести