На денешен ден 03.08.

1914... Германската империја и објави војна на Франција

1247286
На денешен ден 03.08.

На денешен ден 1492 година Кристофер Колумбо, со три бродови од Шпанија заплови кон запад за да пристигне до Индија. По 63 дена Колумбо стапна на тлото на континентот Америка.

1914... Германската империја и објави војна на Франција. Истиот ден, Британија ги заплени оклопните борбени бродови Султан осман и Решадије кои беа нарачани од страна на Османлиската Империја.

1949... Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) го одби барањето на НР Кина за пристапување во ОН.

1977... Од срцев удар умре архиепископот Макариос, лидерот на Јужно кипарската гршка управа.

1988... По 437 дена проведени во затвор беше пуште на слобода германскиот пилот Матијас Руст кој со авионот од типод „Цесна“ го помина воздушно-одбранбениот систем на Советскиот Сојуз и слета на Црвениот плоштад во Москва.

2001... Српскиот генерал Радислав Крстиќ поради злосторство против човештвото и воено злосторство што ги изврши во Сребреница од страна на  Судот за воени злосторства во Хаг беше осуден на казна затвор од 46 години.

2002... Турција согласно активностите за усогласување со ЕУ ја укина смртната казна освен во случаи на војна и закана за блиска војна.



Слични вести