На денешен ден 17.07.

На денешен ден 1588 година, на 99 годишна возраст умре најпознатиот османлиски архитект Мимар Синан

1236955
На денешен ден 17.07.

На денешен ден 1588 година, на 99 годишна возраст умре најпознатиот османлиски архитект Мимар Синан кој во текот на животот беше главен архитект на османлиските султани Сулејман Законодавецот, Селим Втори и Мурат Трети. Мимар Синан во текот на живот изгради вкупно 375 архитектонски зданија меѓу кои најпознати се џамиите Селимије и Сулејманије.

1815... Наполеон во Рочефорт им се предаде на британските сили.

1918... Во Екатеринбург од страна на Болшевиците беа убиени рускиот цар Николај Втори, сопругата, децата и четирите лојални соработници.

1934... Мустафа Кемал Ататурк првпат по Народносолободителната војна допатува во посета на градот Болу.

1944... Два брода натоварени со експлозивни материјали се судрија во Порт Чикаго. Билансот на несреќата изнесуваше 320 загинати, 400 повредени.

1975... американското вселенско летало Аполо и руското вселенско летало Сојуз се соединија во вселената.

1992... Парламентот на Словачка ја прогласи независноста. Поранешната Република Чехословачка се подели на две републики и тоа Чешка и Словачка. Тогашниот претседател на Чехословачка Вацлав Хавел поднесе оставка.



Слични вести