На денешен ден 11.06.

На денешен ден 1868 година од страна на група лекари идеалисти  беше формирано Здружението за помош на повредените и болни османлиски војници односно турската Црвена полумесечина (Türk Kızılayı)

1216104
На денешен ден 11.06.

На денешен ден 1868 година од страна на група лекари идеалисти  беше формирано Здружението за помош на повредените и болни османлиски војници која организација со текот на времето прерасна во една од најголемите хуманитарни организации на Турција која денес е позната под името Турска Црвена полумесечина (Türk Kızılayı). Целта на формирањето на оваа организација беше пружање помош на сите повредени војници на бојното поле без никаква дискриманица. Името Црвена полумесечина (KIZILAY) на организацијата го даде Мустафа Кемал Ататурк.

1913 ... Во атентат беше убиен Махмут Шевкет паша, командантот на оперативните единици на армијата (Hareket Ordusu) кои го задушија бунтот на 31 март, садразам (премиер) и министер за војна.

1937... Ататурк во говорот во Трабзон рече дека сите чифлици и богатство му го подарува на народот.

1982.. Во САД почна да се прикажува култниот филм „E.T.“. Филмот беше снимен според новелата на Мелиса Матисон од страна на режисерот Стивен Спилберг и освои 4 оскари.

2004... Атлетичарката Елван Абејлегесе на трката Златна лига (Golden League) во норвешкиот град Берген на патеката од 5000 метри со резултат од 14 минути 28 секунди 68 стотинки го собори светскиот рекорд кој не можеше да се собори 7 години и беше првата турска атлетичарка кој собори светски рекорд.



Слични вести