На денешен ден 05.06.

1972... На Конференцијата за животна средина на ОН во Стокхолм беше усвоена резолуција за одбележување на 5-ти јуни за Светски ден на животната средина.

1213651
На денешен ден 05.06.

На денешен ден 1851 година романот „Колибата на чичо Том“ на писателката Хариет Бичер Стоу во кој се раскажува борбата против ропството, беше преведен на 23 јазици и снимен истоимен филм, почна да се објавува во еден весник.

1964... Американскиот претседател Џонсон со цел да ја спречи евентуалната интервенција на Турција на Кипар испрати многу остро писмо исполнето со низа закани кое во историјата на Турција беше забележано како „Џонсоново писмо“. Одговорот на тогашниот премиер Исмет Инени гласеше: „Ќе се формира еден нов свет во кој Турција ќе го зазеде своето место“.

1971... Умре турскиот поет, кинематограф и театарски актер Џахит Иргат, кој играше во низа турски филмови, има напишано еден роман и 4 збирки песни.

1972... На Конференцијата за животна средина на ОН во Стокхолм беше усвоена резолуција за одбележување на 5-ти јуни за Светски ден на животната средина.

1975... По Шестдневната арапско-израелска војна која започна во 1967 година, беше затворен Суецкиот канал кој за меѓународниот транспорт повторно беше отворен по период од осум години на денешен ден.



Слични вести