На денешен ден, 09 Мај

На денешен ден 1945 година, по безусловната капитулација на нацистичка Германија со што беше ставено крај на Втората светска војна, „9 мај“ од страна на тогашниот Советски Сојуз почна да се слави како „Ден на победата“

1198161
На денешен ден, 09 Мај

На денешен ден 1485 година, во Истанбул под името Мектеб-и Субјан од страна на Давут Паша садразамот на османлискиот султан Бајезид втори, е формирана првата турска школа. Оваа школа во 1847 година е пренаменета во гимназија во тоа време позната како Рушдије, додека денеска делува под името гимназија Давутпаша.

На денешен ден 1945 година, по безусловната капитулација на нацистичка Германија со што беше ставено крај на Втората светска војна, „9 мај“ од страна на тогашниот Советски Сојуз почна да се слави како „Ден на победата“.

На денешен ден 1950 година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман ја објави Декларацијата на Шуман со идеја за формирање на обединета Европа. Со објавувањето на оваа декларација беа поставени темелите на Европската унија (ЕУ). На самитот во Милано во 1985 година пак, е одлучено 9 мај да се слави како „Ден на Европа“.

На денешен ден 1974 година, Улрике Мајнхоф едната од лидерите на Фракцијата на Црвената армија, е пронајдена мртва во нејзината ќелија во затворот Штамхајм во Штутгарт, во Германија.

На денешен ден 1984 година, на турскиот романописец, сценарист и новелист Јашар Кемал му е доделена наградата Државен орден на Франција „Легија на честа“ („Legion d'Honneur“).



Слични вести