На денешен ден 25.04.

На денешен ден 1859 година во египетскиот град Порт Саид започна ископувањето на Суецкиот канал кој ги поврзува Црвеното море и Медитеранот

1189710
На денешен ден 25.04.

На денешен ден 1859 година во египетскиот град Порт Саид започна ископувањето на Суецкиот канал кој ги поврзува Црвеното море и Медитеранот.

1915 година, во текот на Првата светска војна, британските и француските сили кои планираа да го окупираат Истанбул, кога сфатија дека не можат да го поминат морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) ги започнаа копнените битки на Чанаккале.

1941 година, умре Салих Бозок - најблискиот пријател и другар од детството на Мустафа Кемал Ататурк, а кој истовремено му беше и аѓутант.

1974 година, генералот Антонио Спинола во Португалија со о=воен бунт без насилство ја оконча фашистичката диктатура на Салазар во земјата.

2001 година, во куќата во Манила беше уапсен поранешниот претседател на Филипините Јозеф Естрада кој се обвинуваше за празнење на државната каса за 80 милиони долари.



Слични вести