На денешен ден 23.04.

На денешен ден 1616 година умре најпознатиот драмски писател на светот Вилијам Шекспир

1188624
На денешен ден 23.04.

На денешен ден 1616 година умре најпознатиот драмски писател на светот Вилијам Шекспир кој истовремено се прифаќа и за британски национален поет.

1920 година со учество на пратениците од цела Турција беше отворено Големото Национално Собрание на Турција со цел да се покаже волјата на турскиот народ дека суверенитетот безусловно припаѓа на народот. Отворањето на Собранието претставуваше одраз на националната волја на Турците кои ја започнаа Народноослободителната војна по Првата светска војна кога беа окупирани териториите на татковината.

1923 година, се одржа Втората Мировна Конференција во Лозана на која Турците по Народноослободителната војна со протерување на непријателот од териториите, светот го натераа да го признае суверенитетот на државата со потпишување мирове договор.

По прогласувањето на 1979 година од страна на УНЕСКО за Година на детето, Турската радио и телевизија (ТРТ) 23-ти април, Празникот на детето првпат почна да го одбележува како Меѓународен празник на детето.

2005 година беше отворен Музејот на играчки во Истанбул. Колекцијата на играчки во музејот се состоеше од играчките кои поетот и писателот Сунај Акин ги собра во период од 20 години во 4 различни земји.



Слични вести