На денешен ден 17.04.

На денешен ден 1453 година султанот Мехмет Втори Освојувачот ги освои Принцевските острови

1184707
На денешен ден 17.04.

На денешен ден 1453 година султанот Мехмет Втори Освојувачот ги освои Принцевските острови (Истанбулските острови).

1790 година умре Бенџамин Франклин, американски научник, политичар и писател.

1897 година започна војната меѓу Османлиската Империја и Кралството Грција која е позната и како „Триесетдневна војна“.

1940 година беше усвоен Законот за селски институти со кој специфичен проект за обука за Турција се предвидуваше да се обучуваат учители и наставници за основно училиште.

1946 година Сирија ја прогласи независноста додека беше францускиот протекторат.

1954 година во чест на турските војници кои загинаа во Битката на Чанаккале (Дарданелите) во 1915 година - периодот на Првата светска војна, беа фрлени темелите Споменикот на паднатите борци во Чанаккале.

1961 година, Кубанците во прогонство кои беа подржувани од страна на САД, извршија десант на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро. Операцијата односно истоварувањето на Заивот на свињите заврши со победата на Фидел Кастро.

1972 година на виделина беа изнесени илегалните телефонски прислушкувања кои ги вршеше управата на Никсон во врска со политичките противници. По овој настан кој во јавноста е познат како аферата Вотергејт, оставка поднесоа тројца советници и еден јавен обвинител кои беа вмешани во случајот.

1993 година умре Тургут Озал, турскиот бирократ, политичар и 8-ми претседател на Република Турција.



Слични вести