На денешен ден 12.02

1912 од престолот беше симнат 6 годишниот кинески император Пуји

1143219
На денешен ден 12.02

1912 од престолот беше симнат 6 годишниот кинески император Пуји. На тој начин беше окончана две илјади годишната кинеска империја и 267 годишното владеење на династијата Манчу.

По смртта на чичко му, тригодишниот Пуји беше седнат на Кинеската империја, додека по Револуцијата во 1911 година, беше симнат од престолот.  Во 1924 година Пуји тајно го напушти Пекинг и замина во јапонската колонија во Тијанџин. На 9 март 1932 година Пију од страна на Јапонците беше прогласен за претседател и во 1934 година под името Гангде беше именуван за император на империјата Манџукуо (Голема Манџурија). Кон крајот на Втората светска војна во август 1945 година падна во заробеништво на Русите. Во 1950 година, во својство на воен злосторник беше екстрадиран на Кина со цел да му се суди. По амнестијата во 1959 година почна да работи во атељето за поправки на машините на една ботаничка градина во Пекинг.

Режисерот Бернардо Бертолучи, филмот „Последниот император“ кој пробуди големо интересирање во целиот свет го сними поаѓајќи од автобиографијата на Пуји. Во 1988 година филмот доби 9 оскари и тоа за најдобар фил, најдобар реќисер и други.

1914 година, во Турција беше остварено првото доставување на писма со помош на авион. Пилотот капетан Исмаил Хакки Беј првата пратка писма ја пренесе од Лефке (Лефка) за Билеџик. На поштенските марки на писмата кои се пренесуваа со авиони бидејќи беа поскапи од нормалните поштенски цени се наоѓаа фотографии на авион, цепелин, балон и слика.  На тој начин дојде до собирање на поштенските марки и зголемување на бројот на колекционерството на марки.

1934 година од излив на крв во мозокот почина Џенап Шахабетин, еден од поетите и писателите од периодот Сервети Фунун. Џенап Шахабетин имаше стекнато добро образование и првата песна ја објави во весникот Саат во 1885 година. Битката меѓу источно и западно ориентираните која траеше од 1860 година, со прецизно определување и укажување за насочување кон западната литература и книжевност, беше една од причните поради што Шахабетин стана еден од најзначајните поети и писатели на периодот Сервети Фунун. Со иновативните песни Џенап Шахабетин беше еден од најчесто критикуваните поети на времето, но покрај тоа тој напиша и голем број патешествија, есеи и театарски претстави.

2002 година на Трибуналот на ОН за воени злосторства започна судењето на претседателот на поранешна Југославија Слободан Милошевиќ. На Милошевиќ кој на 1 април им се предаде на безбедносните сили и беше испратен во затворот во Белград, му се судеше за 66 посебни воени злосторства како што се масакри во Војната во Босна и злосторства против човештвото. Милошевиќ умре пред да заврши судскиот процес.



Слични вести