На денешен ден 11.02.

1650. - Почина Рене Декарт, француски научник, математичар и филозоф

1143294
На денешен ден 11.02.

1650. - Почина Рене Декарт, француски научник, математичар и филозоф. Декарт важи за еден од најзначајните научници на западната филозофија и како резултат на едукацијата во младоста со која се стекна од сектата Исусовци, ги фрли темелите на филозофијата и математиката. На крајот на 16 годишното патување, се населува во Холандија која земја важи за земја со најголема слобода на изразување. Во 1637 година го објавува делото „Расправа за методот“, во 1641 година „Медитации“. Филозофијата што ја разви во врска со сомнежот и размислувањето ја резимираше со мотото „Мислам, значи постојам“. На покана на шведската кралица Кристина, Декарт замина за Стокхолм каде поради тешките зимски услови и големите студови се разболе од воспаление на белите дробови и почина.

1809. - Британскиот пронаоѓач Роберт Фултон го доби патентот за првиот брод на пареа. Покрај тоа што младоста се занимаваше со сликарство, со текот на времето Фултон се преориентира кон инжинерството. Откако се стекнува со патентот на машината за сечење мермер, машината за плетење јажиња и друго, во 1979 година Фултон заминува за Париз. По долгогодишните истражувања и дизајнот на првиот брод на пареа, Фултон во 1803 година го симнува и запловува првиот брод кој не наиде на интересирање од страна на француските власти. Неколку години потоа Фултон заминува за Америка. Бродот на Фултон беше првот кој пловеше без јарболи и веслање, поради што наиде на големо интересирање кај американските власти. На барање на американските власти Фултон во 1815 година го направи првиот борбен брод на пареа.

1965.- Весникот Јени Адан ја доби Светската наградата за медиумски успех.

На 25 декември 1918 година завршува Првата светска војна, Османлиската Империја е победена и согласно постигнатите договори, принудена е да ги поделите своите територии. Градот Адана кој се наоѓа на југот на Турција и околината се окупираат од страна на Французите. Само пет дена по оваа окупација, почнува да се објавува еден весник кој го пали фитилот за ослободувањето на татковината. Тоа е „Весникот Адана“. Секако дека весникот ги предизвикува реакциите на Французите поради што наредните три броја се затвораат. Ахмет Ремзи Беј и Мехмет Авни Доган по потекло од Јозгат инаку резервен офицер, сопствениците на весникот само пет дена по затворањето на стариот весник почнуваат со печатењето на весникот „Јени (Нова) Адана“. Французите ја затвораат нивната печатница и издаваат наредба за нивно апсење, но сопствениците на весникот, земајќи ги и машините за печатење бегаат во други градови и повторно почнуваат да го објавуваат весникот „Јени Адана“ кој го информира народот за Народноослободителната борба и случувањата во Анадолија.

Токму овој весник, во 1965 година ја добива Светската награда за медиумски успех која од страна на Фондацијата на американските сопственици на весници се доделува на весник кој се објавува вон САД и Канада. На тој начин, весникот Адана станува првиот и единствен турски весник кој ја добива оваа награда.

Во 2006 година германските археолози во локалитетот Ѓобеклитепе кај Шанлиурфа го откриваат примерите на примитивното писмо кое го дефинираат како прв систем на комуникација во историјата на човештвото. И натаму продолжуваат истражувањата во едно од најстарите култни зданија како што е познат локалитетот во близината на селото Оренџик кај Шанлиурфа.



Слични вести