На денешен ден 07.02

На жените во Швајцарија им беше дадено право на глас

1140229
На денешен ден 07.02

На денешен 1945. – премиерот на Велика Британија Винстон Черчил, заедно со американскиот претседател Франклин Рузвелт и маршалот Јосиф Сталин на едно тајно место во Црното море разговараа за окончувањето на војната против Германија и иднината на Европа.

1971. – На жените во Швајцарија им беше дадено право на глас.

1973. – Со усвојување на еден закон од страна на Големото Национално Собрание на Турција (ГНСТ) на градот Мараш му беше врачена титулата за херојство „херојски град“. Мараш е првиот град на Турција кој поради големата храброст во борбата за ослободување од француските окупатори за време на народноослободителната борба покажа голема храброст, од страна на Големото национално собрание на Турција му беше доделен медал на револуцијата. Со истта одлука на Собранието, името на градот Мараш се промени во Кахраманмараш.

1992. – меѓу земјите членки на Европската заедница беше потпишан Договорот од Мастрихт со кој беше формирана Европската Унија.

1995. – Вселенскиот шатл Дискавери слета на руската вселенска станица Мир во вселената.

1996. – Патничкиот авион од типот боинг 757 на турската компанија Бир-Ген падна во Атлантскиот океан на крајбрежјето на Доминиканската република. Во несреќата загинаа 189 лица.

2007. – Грузија, Азербејџан и Турција во Тбилиси го потпишаа Договорот за изградба на проектот железничка пруа Баку – Тбилиси – Карс.

2009. – Ва австралиската провинција Викторија избувна најголемиот пожар во историјата на земјата. Во пожарот кој беше познат како „црна сабота“ загинаа 173, а повредени 414 лица.



Слични вести