На денешен ден 04.02.

1855 година д-р Вилијам Вест Грант во градот Девенпорт во американската сојузна држава Ајова ја изврши првата операција на слепо црево

1138680
На денешен ден 04.02.

На 4-ти февруари 1855 година д-р Вилијам Вест Грант во градот Девенпорт во американската сојузна држава Ајова ја изврши првата операција на слепо црево.

На денешен ден 1967 година беше пуштен во употреба нафтоводот Батман-Искендерун долг 490 км кој се вадеше од Југоисточна Анадолија и се пренесуваше во заливот Искендерун.

Во 1969-та година беше потпишан меѓународниот договор за укинување на сите видови расна дискриминација. Турција овој договор го потпиша во 2001 година.

На денешен ден во античкиот град Троја беше отворен Тројанскиот коњ висок 12 метри, сличен на оригиналот од античкото време кој беше сцена на низа филмови и е познат по тоа што војниците кои беа скриени во коњот од дрво, обезбедија да се освои градот.

На денешен ден 1986 година започна изградбата на вториот мост на Босфор, мостот Фатих Султан Мехмет (Мехмет Втори Освојувачот) кој ги спојува Европа и Азија.

На денешен ден 2010 година заврши изградбата на највисокиот облакодер во светот, Бурџ Калифа.



Слични вести