Турската кујна претставена во Париз, главниот град на Франција

На гостите за дегустација им беа принесени турските кулинарски специјалитети „хунќарбегенди“, полнети лисја од грозје со цреша, паприкаш од риба и слатко „ѓуллач“ (со кори со млеко) и други специјалитети

1825755
Турската кујна претставена во Париз, главниот град на Франција

Турската кујна беше претставена на манифестација што се одржа во Париз, главниот град на Франција, во соработка со Министерството за култура и туризам, Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Турција (ТГА), Советништвото за култура и промоција при Амбасадата на Турција во Париз и Cordon Bleu Paris.

Турскиот шеф готвач Али Ронај, кој располага со широко познавање и знаење и упатеност во врска со анадолската турска кујна, на гостите им го подготви и претстави турскиот специјалитет „хунќарбегенди“.

На гостите за дегустација им беа принесени турските кулинарски специјалитети „хунќарбегенди“, полнети лисја од грозје со цреша, паприкаш од риба и слатко „ѓуллач“ (со кори со млеко) и други специјалитети.

За промоција на турските јадења беа користени рецепти од книгата „Турската кујна со стогодишни рецепти“ која е подготвена и издадена од страна на Министерството за култура и туризам и под покровителство на претседателството.

 



Слични вести