Расте туризмот со крузери во Кушадаси и Бодрум

Бродовите за крстарење „Сиборн Енкор“ кој плови под бахамско знаме, „Сирена“ под знамето на Маршалските Острови, „Стар Прајд“ под знамето на Бахамите и „Викинг СКАЈ“ под норвешко знаме, утрово се закотвија на пристаништето Еге Порт Кушадаси

1822037
Расте туризмот со крузери во Кушадаси и Бодрум
kusadasi kruvaziyer.jpg

Во општината Кушадаси во Ајдин пристигнаа 4 големи бродови за крстарење (крузери) со вкупно 2.800 патници.

Големиот брод за крстарење „Сиборн Енкор“ кој плови под бахамско знаме, броот „Сирена“ кој плови под знамето на Маршалските Острови, бродот „Стар Прајд“ кој плови под знамето на Бахамите и бродот „Викинг СКАЈ“ кој плови под норвешко знаме, утрово се закотвија на пристаништето Еге Порт Кушадаси.

Поголемиот дел од 2.800 туристи, од кои повеќето се државјани на Соединетите Американски Држави (САД), по одјавувањето, го напуштија округот за да го посетат Античкиот град Ефес и Куќата на Богородица. Туристите кои не учествуваа во програмата на турата, се упатија кон центарот на градот.

Регионалниот директор на „Глобал Портс Холдинг“ за Источниот Медитеран и генерален директор на егејското пристаниште Кушадаси, Азиз Ѓунѓор, во изјавата за новинарите рече дека во текот на овој месец, во областа планираат да донесат 74 големи бродови за крстарење.

Од друга страна, крстаречкиот брод Коста Венеција кој плови под италијанско знаме, кој тргна од Истанбул, по Измир, пристигна во пристаништето Бодрум.

Патниците на туристичкиот брод за крстарење долг 323 метри, тежок 135 илјади тони и кој има 2 илјади 116 кабини со удобност на луксузен хотел, на пристаништето Бодрум Круз Порт беше пречекан од музичкиот состав Бодрум бенд.

Германските, руските и италијанските туристи на бродот, по постапката на одјавување, со туристички автобуси и чамци за разгледување кои ги чекаа, го напуштија пристаништето за да ги видат историските и туристичките места во градот.

На бродот имало 1254 патници.

Генералниот директор на пристаништето за крстарење во Бодрум, Халук Хизлан, во писменото соопштение за медумите истакна дека се среќни што на пристаништето се домаќини на најголемиот брод во историјата на Бодрум. „Многу брзо ја започнавме сезоната. Во 2022 година очекуваме 150 бродови и 200 илјади патници. Туризмот со големибродови за крсатрење се врати во Источниот Медитеран. Со голема возбуденост чекаме нови бродови“.



Слични вести