Дали знаете дека првата метална пара, монета во историјата била користена во Анадолија?

Парите кои се едниот од најважните пронајдоци во историјата на човештвото, биле пронајдени од страна на Лидијците во 7-от век пред новата ера

1755846
Дали знаете дека првата метална пара, монета во историјата била користена во Анадолија?

Дали знаете дека првата метална пара, монета во историјата била користена во Анадолија?

Парите кои се едниот од најважните пронајдоци во историјата на човештвото, биле пронајдени од страна на Лидијците во 7-от век пред новата ера.

Лидиската цивилизација, формирана во западниот дел на Анадолија, била центар на трговијата меѓу Азија и Европа. Дотогаш трговијата се вршела преку размена на стока, но потоа по наредба на лидискиот крал почнале да се коваат метални пари, монети. Првите ковани или печатени метални пари, монети, во историјата биле мешавина од сребро и злато.

По Лидијанците, постепено се распространила и употребата на метални пари, монети. Парите коишто се појавиле, односно биле пронајдени во Анадолија, најпрвин се распространиле кај медитеранските цивилизации, а оттаму во кусо време се прошириле низ целиот свет.

Кралевите на формираните цивилизации во Анадолија, ковале или печателе метални пари, монети, со своj лик. Ковањето или печатењето на пари станало симбол на моќта и суверенитетот на државите.



Слични вести