Дали знаете дека Свети Никола, познат како Дедо Мраз, живеел во населеното место Демре кај Анталија?

Се верува дека Свети Никола кој е симбол на помошта и скромноста меѓу христијаните, е роден во античкиот град Патара во близина на населеното место Каш кај градот Анталија

1753864
Дали знаете дека Свети Никола, познат како Дедо Мраз, живеел во населеното место Демре кај Анталија?

Дали знаете дека Свети Никола, познат како Дедо Мраз, живеел во населеното место Демре кај Анталија?

Се верува дека Свети Никола кој е симбол на помошта и скромноста меѓу христијаните, е роден во античкиот град Патара во близина на населеното место Каш кај градот Анталија. Потоа отишол во античкиот град Мира, денешно Демре, и таму на млади години достигнал до  епископски чин. Свети Никола кој при влегување во една нова година ги остварувал сите желби на луѓето, претпочитал целото свое богатство, односно целиот свој имот да го сподели со сиромашните. Според преданијата станал заштитник особено на децата, сиромашните, патниците и на морињата.

Оние кои живееле во античкиот град Мира, денешно Демре, по неговата смрт во негов спомен изградиле црква и верувале дека неговиот саркофаг таму ќе остане бесмртен. На ѕидовите на црквата се претставени/насликани чудата за кои се верува дека ги остварил Свети Никола познат како „Светец на чудотвори“, односно „Чудотворец“.

Со текот на времето, како последица на надојдените води и поплавите на реката Демре  црквата била затрупана и останала под земја, а потоа била откриена, изнесена на површината на земјата, на виделина, како резултат на реализираните ископувања во 1956 година.

Секоја година на 6 декември, на годишнината од неговата смрт, голем број посетители од христијанска православна вероисповед доаѓаат во Демре во знак на сеќавање на Свети Никола и овде се одржува света литургија.

Црквата од 1994 година е отворена за посетување и како музеј.



Слични вести