Дали знаете дека едното од највкусните сирења во светот е гријерот од Карс?

Еден вид сирење гријер кое своето име го добило по швајцарското градче Грујер, се произведува и во подрачјето на градот Карс во источноанадолската област на Турција и се нарекува гријер или гравјер од Карс

1749744
Дали знаете дека едното од највкусните сирења во светот е гријерот од Карс?

Дали знаете дека едното од највкусните сирења во светот е гријерот од Карс?

Еден вид сирење гријер кое своето име го добило по швајцарското градче Грујер, се произведува и во подрачјето на градот Карс во источноанадолската област на Турција и овој вид сирење кое се нарекува гријер или гравјер од Карс располага со светски познат и прочуен вкус.

За време на османлиско-руската војна во 1878 година подрачјето на градот Карс било окупирано од страна на Русите. Швајцарецот Дејвид Мозер кој во тоа време на покана на Царот дошол во Карс увидел дека подрачјето располага со погодни карактеристики за производство на швајцарското сирење гријер и овде во селото Богатепе кое се наоѓа на една висока висорамнина, односно на едно високо плато ја формирал првата млекарница за сирење.

Потоа со крајот на окупацијата во 1918 година Дејвид Мозер му ја продал својата млекарница на еден Германец по име Александер Кајзер и го напуштил градот Карс. Кајзер почнал да прави нови експерименти за производство на сирење во подрачјето и како резултат на овие експерименти се појавил гријерот со окца, односно отвори или дупки, специфичен на Карс.

Со прифаќањето на правењето, односно прооизводството на сирење како деловна гранка во периодот на Републиката, селото Богатепе целосно се фокусирало на производството на сирење.

Денеска, гријерот, односно гравјерот од Карс којшто се произведува во селото Богатепе е едно од највкусните сирење во светот кое располага со највисоки најхранливи вредности.



Слични вести