Триумф на филмот „Quo vadis, Аида?“ на 34. издание на Европските филмски награди

Филмот „Quo Vadis, Aida ?“ („Каде одиш, Аида?“) во кој се раскажува за геноцидот во Сребреница ја доби наградата за најдобар филм на 34. издание на Европските филмски награди-познати како европски оскари

1747958
Триумф на филмот „Quo vadis, Аида?“ на 34. издание на Европските филмски награди

Добитник на наградата за најдобар филм на 34. издание на Европските филмски награди за оваа година стана филмот од Босна и Херцеговина „Quo Vadis, Aida?“ („Каде одиш, Аида?“).

Церемонијата на 34. издание на Европските филмски награди во организација на Европската филмска академија (ЕФА), оваа година поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржа онлајн, во виртуелна средина.

Филмот на Јасмила Жбаниќ „Quo Vadis, Aida?“ („Каде одиш, Аида?“) кој беше награден со наградата за најдобар филм и во кој се раскажува за геноцидот во Сребреница, доби уште две награди.

Жбаниќ ја освои наградата за најдобар режисер, додека Јасна Дуричиќ беше наградена со наградата за најдобра актерка, за нејзината улога во филмот.

Режисерката рече дека наградата ја прима вочест и им ја посветува на мајките и жените од Сребреница, како и на убиените татковци, сопруги и синови.

Наградата за најдобар актер ја доби Ентони Хопкинс за улогата во филмот „The Father“ („Таткото“), а наградата за најдобро сценарио им е доделена на сценаристите на истиот филм Флоријан Зелер и Кристофер Хемптон.

Наградата за најдобра комедија ја доби „Ninjababy“ („Нинџабејби“) во режија на Ингвилд Све Фликке.

Филмот „Fleet“ („Флота“) во режија на Јонас Похер Расмусен ги доби наградите за најдобар документарен филм и најдобра анимација, додека данската режисерка Сузане Биер беше наградена за нејзиниот придонес во европската кинематографија низ светот.

Европските филмски награди се оценуваат како „Оскари на Европа“.

 



Слични вести