Недела на сеќавање на Мевлана и Шеб-и Арус

Годинава се одбележуваат 748 години од смртта на Мевлана Џелаледдин-и Руми, еден од најсаканите верски личности на Анадолија, познат мислител, хуманист, поет, мистик и суфија

1745995
Недела на сеќавање на Мевлана и Шеб-и Арус
konya, şeb-i arus.jpg

Со почит се сеќаваме на Мевлана Џелаледдин-и Руми, како еден од најсаканите верски личности на Анадолија, мислител, хуманист, поет, мистик и суфија.

Годинава се одбележуваат 748 години од смртта на големиот Мевлана или како што вели и Тој самиот „Средба со саканиот“.

Зборовите на Мевлана и ден денес продолжуваат да одекнуваат и да се ценат насекаде во светот, а не само во нашата земја.

На церемониите Шеб-и Арус во градот Конја кои што се одржуваат секоја година на 17 декември доаѓаат илјадници лица од целиот свет со што одговараат на оној негов познат повик „Дојди, кој и да си дојди, повторно дојди“.

По повод 748 годишнината од смртта на Мевлана уште еднаш се сеќаваме на оваа голема личност, кој го изнесува на преден план човекот и го осветлува светот со неговата филозофија и неговото учење.



Слични вести