Промоција на турското кафе во Кина

Вицеконзулот Неслихан Кул од Генералниот конзулат во Гуангку имаше презентација за придонесот на Турците во формирањето на кафе-културата во светот

1743384
Промоција на турското кафе во Кина

 

Во Гуангку, центарот на провинцијата Гуангдонг на југот на Кина се одржа манифестација на промоција на „Турското кафе“.

По повод 50 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Турција и Народна Република Кина, во соработка со библиотеката Гуангку се одржуваат културни настани насловени како „Анадолски поветерец“.

Во рамките на активностите, на 5-ти декември, Светскиот ден на турското кафе се одржа манифестација за промоција на „Турско кафе“.

На манифестацијата на кој беше објаснета историјата и културата на турското кафе, вицеконзулот Неслихан Кул од Генералниот конзулат во Гуангку имаше презентација за придонесот на Турците во формирањето на кафе-културата во светот.

Осврнувајќи се на патувањето на кафето од Јемен до Европа, Кул го истакна местото и важноста на културата на кафе во секојдневниот живот на анадолскиот народ.



Слични вести