Дали знаете дека во едно село во источноцрноморската област на Турција постои музеј кој е добитник на награда?

Музејот Бакси кој од страна на уметникот и академик проф. д-р Хусаметтин Кочан е формиран на еден рид со поглед над Долината Чорух на 45 километри оддалеченост од центарот на градот Бајбурт, е отворен во 2010 година

1743232
Дали знаете дека во едно село во источноцрноморската област на Турција постои музеј кој е добитник на награда?
Baksı muzesi.jpg
Baksı Muzesi2.jpg

Дали знаете дека во едно село во источноцрноморската област на Турција постои музеј кој е добитник на награда?

Во селото Бакси како што е познато по неговото старо име, денеска познато по името Бајрактар кое се наоѓа во границите на округот на градот Бајбурт во источноцрноморската област, постои музеј кој привлекува внимание со неговиот архитектонски дизајн, природата кадешто е лоциран и со невобичаените проекти. Музејот Бакси кој од страна на уметникот и академик проф. д-р Хусаметтин Кочан е формиран на еден рид со поглед над Долината Чорух на 45 километри оддалеченост од центарот на градот Бајбурт, е отворен во 2010 година.

Музејот Бакси кој со неговата архитектонска градба и локација се прослави како „невообичаен музеј“, исто така привлекува внимание и со изложбените сали, работилниците и ателјеата за обука, музејот магацин, конференциската сала, гостилницата, стариот месџид и библиотеката. Музејот кој содржи, односно е домаќин на современите и традиционалните уметности под ист покрив, воедно обезбедува и можности за образование и вработување на локалното население. Освен тоа, ги утврдува надарените деца во областа и придонесува за нивното образование со стипендии, а применува и проекти за нивен развој и усовршување особено во сферите на дизајнот, уметноста и културата.

Музејот Бакси, кој зачувувајќи ја традиционалната култура спроведува истражувања за нејзино пренесување на идните генерации, особено ставајќи ги во примена проектите за вработување на жените; во 2014 година беше награден со Музејската награда на Советот на Европа и истата година со наградата за чест на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).



Слични вести