„TRT World“ освои три награди за онлајн содржини „Lovie Awards“

На 11. „Lovie Awards“ („Љубовни награди“) коишто ги доделува Меѓународната академија за дигитални уметности и науки (IADAS) учествуваа приближно илјада учесници од 30 европски земји

1735186
„TRT World“ освои три награди за онлајн содржини „Lovie Awards“
trt world.jpg

Телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ) кој емитува на англиски јазик „TRT World“ (ТРТ Ворлд) освои 3 награди од „Lovie Awards“, најпрестижната медиумска награда со која се наградуваат онлајн содржини.

На 11. „Lovie Awards“ („Љубовни награди“) коишто ги доделува Меѓународната академија за дигитални уметности и науки (IADAS) учествуваа приближно илјада учесници од 30 европски земји.

Дигиталната видео серија на „TRT World“ по име „I’ve Got a Story to Tell“ („Имам приказна за раскажување“) ја освои наградата „Gold Lovie“ („Златна љубов“) во категоријата „Различност, еднаквост и инклузивност“.

Видео серијата која е снимена и монтирана од страна на Абдуллах Илик, истовремено со најмногу собрани дооаѓања и на јавното гласање во кое учествуваа приближно 55 илјади лица ја освои наградата „People's Lovie“ („Љубовта на народот“) .

Воедно и делото „Love Jihad“ („Љубовен џихад“) во продукција на Ахмер Кан кое исто така беше друг кандидат на „TRT World“ ја доби наградата „Gold Lovie“ („Златна љубов“).

„Love Jihad“ („Љубовен џихад“) во режија на извршната продуцентка Тулин Тезел, исто такасе пласира во финалето во категоријата вести и политика.

Претседателот на Управниот одбор на Меѓународната академија за дигитални уметности и науки (IADAS) и креативен партнер на POKE London, Николас Руп, во објавеното соопштение го истакна следното: „'TRT World', покажувајќи извонредна вештина/способност во дигиталната иновација и креативноста, презентираше извонреден перформанс во својата категорија. Оваа награда е доказ за вештината/способноста, креативноста и визијата на нејзините креатори.“

Дигиталниот директор на „TRT World“ Ахмед Ел Амрауи, исто така го истакна следното: „Наградите 'Gold Lovie' и 'People Lovie Awards' го презентираат успехот на TRT World во продолжувањето на новинарството кое ги застанува во одбрана на човечките вредности, со највисоките стандарди на производство од неговото формирање пред неколку години досега. Нашиот разновиден персонал составен од новинари, дописници/известувачи, уредници и графички дизајнери го докажа својот успех во пренесувањето на локалните приказни до глобалните гледачи. Се гордеам со екипата и сум сигурен дека ќе следува многу повеќе.“

Инаку, „Gold Lovie“ е призната како награда со највисоко признание којашто се доделува од страна на Меѓународната академија за дигитални уметности и науки (IADAS), како глобална организација на технолошки иноватори.

 



Слични вести