Дали знаете дека Бергама кај Измир била престолнина на едната од најкоренитите цивилизации во историјата?

Населеното место Бергама кое се наоѓа на 130 километри северно од градот Измир, било престолнина на Кралството Пергамон, едната од најстарите цивилизации на светот

1731644
Дали знаете дека Бергама кај Измир била престолнина на едната од најкоренитите цивилизации во историјата?
Bergama Antik Kenti Kolezyum12.jpg
Bergama Antik Kenti Kolezyum18.jpg
Bergama Antik Kenti Kolezyum16.jpg
Bergama Antik Kenti Kolezyum11.jpg
Bergama Antik Kenti Kolezyum9.jpg
Bergama Antik Kenti Kolezyum1.jpg
Bergama Antik Kenti Kolezyum3.jpg

Дали знаете дека населеното место Бергама кај градот Измир било престолнина на едната од најкоренитите цивилизации во историјата?

Населеното место Бергама кое се наоѓа на 130 километри северно од градот Измир, било престолнина на Кралството Пергамон, едната од најстарите цивилизации на светот.

Бергама која располага со историја од 8.500 години, низ историјата била домаќин на десетици цивилизации.

Античкиот град чие име во историјата било Пергамон и покрај сите тешкотии со успешно урбанистичко планирање бил изграден на еден стрмен рид и станал значајно населено место. Неговиот театар за 10.000 лица, со неговата градба позиционирана на една стрмна падина и со архитектонското поврзување со неговата мобилна сценска зграда со храмот на Дионис, се наоѓа меѓу најзначајните антички театри. Водоводната линија во должина од 45 километри, изградена за снабдување со вода во хелинистичкиот период, претставува голем архитектонски успех за тоа време.

Бергама во 2014 година е внесена во Списокот на светско културно наследство, додека во текот на историјата била подложена на инвазии во денешна смисла на зборот окупации и разрушувања. Но и покрај тоа, бидејќи се наоѓа на стратешка точка, таа низ историјата била постојано населена и никогаш не исчезнала од историската сцена.



Слични вести