Дали знаете дека во внатрешните делови на Анадолија има „Подрачје на езера“?

Подрачјето коешто се простира кон границите на градовите, односно окрузите Бурдур, Испарта, Денизли, Афјонкарахисар и Конја, кадешто се наоѓаат голем број езера блиски едно до друго се нарекува „Подрачје на езера“

1696690
Дали знаете дека во внатрешните делови на Анадолија има „Подрачје на езера“?
GÖLLER BÖLGESİ 1.jpg

Дали знаете дека во внатрешните делови на Средоземноморската област во Анадолија има Подрачје на езера“?

Подрачјето коешто се простира кон границите на градовите, односно окрузите Бурдур, Испарта, Денизли, Афјонкарахисар и Конја, кадешто се наоѓаат голем број езера блиски едно до друго се нарекува „Подрачје на езера“.

Два града т.е. окрузи коишто најпрвин доаѓаат на ум кога ќе се рече „Подрачје на езера“ се Бурдур и Испарта. Испарта е град во чии граници се наоѓаат најголем број езера и езерца во светот. Голем број поголеми и помали езера коишто се наоѓаат се поготово Салда, Караташ, Јаришли, Ѓолхисар и Јазир, Бејшехир, Егирдир, Аџиѓол, Бурдур, Илгин, Акшехир, Ебер, Сугла и Ковада. Ова подрачје е многу богато и значајно од аспект на дивиот живот.

Езерото Салда кое се наоѓа на приближно 60 километри западно од Бурдур, е познато како најдлабоко, најчисто и најбистро езеро на Турција. Во светот пак, се наоѓа на петтото место меѓу најчистите езера. Се наоѓа на надморска височина од 1.140 метри. Тоа што водата на езерото Салда содржи магнезиум, сода и глина, делува добро на лекувањето на некои кожни болести.

Езерото Салда со својата бела како снег песочна плажа, тиркизната боја бистра како стакло се нарекува и е познато како Малдиви на Турција.



Слични вести