Доделени наградите на 27-от Сараевски филмски фестивал

Продукцијата „Голема слобода“ (Great Freedom) на австрискиот режисер Себастијан Мајсе ја освои наградата „Најдобар долгометражен филм“

1694550
Доделени наградите на 27-от Сараевски филмски фестивал
saraybosna film festivali oduller.jpg
saraybosna film festivali oduller1.jpg
saraybosna film festivali oduller2.jpg

 

Доделени наградите на 27-от Сараевски филмски фестивал (СФФ).

Наградите наречени „Почесно срце на Сараево“, им беа доделени на добитниците на церемонијата одржана по црвениот тепих во Народниот театар во главниот град Сараево.

Продукцијата „Голема слобода“ (Great Freedom) на австрискиот режисер Себастијан Мајсе ја освои наградата „Најдобар долгометражен филм“, додека „Пејзажот на отпорот“(Landscape of Resistance) на српската режисерка Марта Попивода ја освои наградата „Најдобар документарен филм“.

Продукцијата на хрватскиот режисер Мате Ургин „ Се напред“ (Everything Ahead) ја освои наградата „Најдобар краток филм“, додека „Летно планирање“ 90 Summer Planning), во режија на Романецот Александру Миронеску, ја освои наградата „Најдобар студентски филм“.

Проектот на режисерот Селман Накар „Линија за двоумење“ (Tereddüt Çizgisi), кој ја доби поддршката за копродукција на ТРТ, ја доби и наградата за поддршка во делот Синелинк.

Наградата „Cinelink Work in Progress TRT“, за која на фестивалот се натпреваруваа проектите во фазата на уредување, беше доделена на босанската режисерка Аида Бегиќ за нејзиниот проект „Балада“ (A Ballad), кој зборува за борбата на една Босанка да се одржи во живот.

Документарниот филм на Ахмет Неџдет Чупур „Непослушни деца“ (Yaramaz Çocuklar), ја доби „Наградата на СФФ за човекови права“.

Српската режисерка Милица Томовиќ за филмот „Келти“ беше избрана за најдобар режисер, додека за најдобар актер беше избран австрискиот актер Георг Фридрих за улогата во филмот „Голема слобода“ (Great Freedom).

Флака Латифи, Ера Балај и Урата Шабани ја поделија наградата за најдобра актерка за улогите во косовскиот филм „Ридот каде што рикаат лавици“ (The Hill Where Lionesses Roar).



Слични вести