Дали знаете дека во Истанбул има Музеј за карикатура и хумор?

Новиот Музеј за карикатура и хумор кој беше отворен во 1989 година со различни активности го рефлектира на сегашноста културното искуство коешто ја документира општествената историја на Турција

1684705
Дали знаете дека во Истанбул има Музеј за карикатура и хумор?

Дали знаете дека во Истанбул има Музеј за карикатура и хумор?

Музејот најпрвин беше отворен во 1975 година на иницијатива на Здружението на карикатуристи и од страна на локалната самоуправа на Истанбул, но во 1980 година беше затворен.

Новиот Музеј за карикатура и хумор кој беше отворен во 1989 година со различни активности го рефлектира на сегашноста културното искуство коешто ја документира општествената историја на Турција.

Освен тоа во музејот којшто воспоставува комуникација со слични институции и во другите земји со одржување на самостојни или групни (комбинирани) изложби се афирмираат и познати личности на карикатурата како уметност во светот. Во музејот постои можност за работа и во ателје т.е. работилница за оригинално печатење под надзор на експерт.

Во музејот се наоѓа дел кадешто со примери и документација се раскажува за фазите низ коишто поминала турската карикатура уште од нејзиниот почетокот до денеска.

Во делот кадешто се изложуваат и афирмираат делата на турските и светските карикатуристи секој месец се отвора по најмалку една изложба.

Во делот кадешто се наоѓа библиотеката пак, има карикатури, хумористички изданија и други изданија на овие теми.

Во делот на архивата на билиотеката се наоѓаат дела од турските и светските карикатуристи од минатото или од денеска.

 



Слични вести