Дали знаете дека во градините Хевсел во Дијарбакир се вршело земјоделство 8 илјади години?

Градините Хевсел во југоисточниот дел на градот Дијарбакир биле формирани на берикетните, т.е. плодните почви помеѓу историските ѕидини на градот и реката Тигар, донесени со алувионите на реката

1683905
Дали знаете дека во градините Хевсел во Дијарбакир се вршело земјоделство 8 илјади години?

Дали знаете дека во градините Хевсел во Дијарбакир се вршело земјоделство 8 илјади години?

Градините Хевсел во југоисточниот дел на градот Дијарбакир биле формирани на берикетните, т.е. плодните почви помеѓу историските ѕидини на градот и реката Тигар, донесени со алувионите на реката.

Станува збор за плодно земјиште со површина од приближно 700 хектраи. Градините Хевсел се наоѓаат веднаш на падините на ѕидините кадешто има различни овошни дрвја и градини со зеленчукови производи. Во текот на илјадници години ја обезбедувале потребата од зеленчук и овошје на градот. Градините Хевсел кои располагаат со богати почви на коишто можат да успеат многу различни земјоделски производи, истовремено се најголемиот птичји рај на југоисточно анадолската област.

Природниот простор којшто располага со некаде околу 180 видови птици е домаќин и на голем број цицачи како што се видра, лисица, куна, верверичка и еж.

Градините Хевсел во 2013 година заедно со ѕидините на Дијарбакир се кандидирани за Списокот на светското наследство на УНЕСКО, а во 2015 година се прогласени за светско наследство.



Слични вести