Дали знаете дека ѕидините на Дијарбакир располагаат со историско минато од приближно 7.000 години?

Ѕидините на Дијарбакир за коишто се наведува дека биле изградени во 3.000-4.000'тите години пред новата ера и кои биле сведоци на најстарите цивилизации на светот, исто така заземаат место меѓу најиздржливите ѕидини на светот

1683711
Дали знаете дека ѕидините на Дијарбакир располагаат со историско минато од приближно 7.000 години?

Дали знаете дека ѕидините на Дијарбакир располагаат со историско минато од приближно 7.000 години?

Дијарбакир кој се наоѓа во југоисточно анадолската област на Турција освен со неговото модерно лице е град кој е познат и со своите ѕидини.

Ѕидините на Дијарбакир за коишто се наведува дека биле изградени во 3.000-4.000'тите години пред новата ера и кои биле сведоци на најстарите цивилизации на светот, исто така заземаат место меѓу најиздржливите ѕидини на светот.

Должината на ѕидините на Дијарбакир изнесува приближно 5.200 метри. Височината на бастионите и ѕидините кои биле изградени со одбранбена цел формира една импозантна (грандиозна) слика.

Височината на бастионите и ѕидините се менува меѓу приближно 8 метри до 22 метри. Рељефните изработки на бастионите и ѕидините располагаат со доста импресионирачки и прекрасен изглед.

Ѕидините на Дијарбакир имаат 4 главни врати или порти. Според историските извори тие 4 врати биле изградени за воспоставување на контролата и контролирање на влезовите и излезите во и од Дијарбакир, кој инаку се прифаќа како најзначајна трговска маршрута на Месопотамија.

До 19-от век вратата на ѕидините се отварала на изгрејсонце и затварала на зајдисонце по што не можело да се влегува и да се излегува во и од градот.

Ѕидините на Дијарбакир коишто биле сведоци на многу значајни периоди на историјата и успеале да пристигнат да денеска, во 2015 година е донесена одлука да бидат регистрирани во Списокот на светското наследство на УНЕСКО.

 



Слични вести